УТРО.мк

Горештините се враќаат: Утре до 36 степени, следува топол и стабилен период

Горештините се враќаат: Утре до 36 степени, следува топол и стабилен период
Vero

Сончево и многу топло време нè очекува утре ширум земјата. Според најавите, максималната дневна температура ќе достигне до 36 степени Целзиусови, додека во Скопје се очекуваат до 35 степени.

Попладне, особено во источните делови, постои можност за изолирана нестабилност, со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието ќе биде поизразен.

Во наредните денови следува период на стабилно и сè потопло време, со натамошен пораст на дневните температури. Надлежните апелираат на внимателно движење на отворено во најтоплиот дел од денот и зголемено внесување течности.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран