УТРО.мк

Гаши денеска ќе ги распише локалните избори – познат е датумот кога ќе гласаме

Гаши денеска ќе ги распише локалните избори – познат е датумот кога ќе гласаме
Vero

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска се очекува официјално да ги распише локалните избори, иако се уште нема официјална потврда од неговиот кабинет. Ова ќе бидат осми по ред локални избори од независноста на државата.

Според роковите, распишувањето на изборите мора да се случи најдоцна утре, а изборите се закажани за 19 октомври. Со распишувањето ќе почнат да течат сите изборни рокови. Граѓаните ќе бираат градоначалници и советници во 80 општини и во Градот Скопје.

Доколку за некои градоначалници биде потребен втор круг, гласањето ќе се одржи на 2 ноември. По распишувањето, Државната изборна комисија ќе се состане и ќе го утврди точниот изборен календар.

Рокот за поднесување кандидатски листи е најдоцна до 15 септември, а проверката и утврдувањето на листите ќе заврши до 27 септември. Изборната кампања ќе започне на 30 септември.

Вкупниот буџет за изборите во 2025 година изнесува речиси 9,8 милиони евра, од кои две третини се наменети за медиуми и политичко рекламирање.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран