УТРО.мк

Голем пожар избувна над Батинци – поради ветерот се шири со голема брзина

Голем пожар избувна над Батинци – поради ветерот се шири со голема брзина
Vero

Пред малку избувна голем пожар на отворен простор над скопското село Батинци, кој зафати трева, грмушки и мешана шума. Поради силниот ветер, огнот се шири со голема брзина, соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Скопската БППЗ работи на гаснење на пожарот, а наскоро ќе пристигнат и два пинцгауери од ДЗС, како и хеликоптер на МВР. Подоцна ќе се вклучат и два ер трактори на ДЗС за дополнително гаснење.

На лице место е и директорот на ЦУК, Мухамед Али. Според првичните информации, пожарот е намерно подметнат.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран