Полициски службеници од СВР Скопје на 20 септември го лишија од слобода А.Г. (35) од селото Кондово, скопско, поради сомнение дека истиот ден околу 09:00 часот со бензин го запалил патничкото возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ш.Ѓ. (51) од истото село.
Против осомничениот е поднесена кривична пријава за кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. По предлог на Обвинителството, судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му определи мерка притвор во траење од осум дена.