
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, по повод православниот празник Божиќ упати честитка до граѓаните од православна вероисповед.
Во пораката, Гаши нагласува дека Божиќ е можност да се истакне значењето на меѓусебното почитување, соживотот и општествената хармонија како клучни вредности врз кои се темели институционалната и демократската стабилност на државата.
Тој, во свое лично име и во име на сите пратеници во Собранието, им посака на граѓаните мир, здравје и благосостојба во семејствата, истакнувајќи дека празничниот период треба да биде поттик за заедничка одговорност, разбирање и граѓанска соработка.



























