
Македонија се буди под различни времески услови – додека Скопје го погодија 12 литри дожд на метар квадратен, најобилни врнежи беа регистрирани во Крушево, каде што паднаа 55 литри на квадрат, следено од Охрид со 52, Претор 48 и Маврови Анови со 39 литри. Други градови како Пожаране, Крива Паланка, Битола, Тетово и Прилеп исто така бележат значителни врнежи.
Во исто време, зимата се чувствува најсилно во Попова Шапка, каде термометрите утринава покажаа -4°C, а снежната покривка достигна импресивни 31 сантиметар.



























