УТРО.мк

Арктички студ ја зафати Македонија: Температури до -20°C и снежни врнежи

Арктички студ ја зафати Македонија: Температури до -20°C и снежни врнежи
Vero
zima
zima

Македонија се подготвува за еден од најстудените и највлажни периоди оваа зима. Од север се спушта екстремно ладен воздушен бран, кој ќе донесе значително намалување на температурите, силен ветер и обилни врнежи од снег и дожд. Метеоролозите предупредуваат дека условите на патиштата ќе бидат крајно опасни, особено поради можноста за појава на ледени врнежи и голомразица.

Во текот на утрешната ноќ, а потоа и во недела и понеделник (11 и 12 јануари), врнежите ќе преминуваат во снег и на пониските места, со формирање на снежна покривка дури и во градовите. На планините и скијачките центри се очекува дебелина на новиот снег од 30 до 40 сантиметри, што ќе значи вистинска зимска идила за љубителите на снегот, но и сериозна опасност за возачите.

Особено внимателни треба да бидат возачите во западните предели на земјата, каде што поради судирот на потопол воздух во повисоките слоеви и ладен воздух близу до површината, ќе се појават и ледени врнежи. Ветерот ќе биде засилен до повремено силен, со брзина локално над 60 км/час, најпрво од јужен и југозападен, а потоа и од северен правец.

Во Скопје и околината, врнежите ќе преминуваат во снег, а температурите ќе паднат дури до -10, па локално и под -15 степени, додека на планините се очекува студ од околу -20 степени. Овој влажен и студен бран ќе донесе и големо количество на воден талог, особено во западна Македонија, каде локално се очекуваат над 50 литри на метар квадратен.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран