
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе преземат активности во врска со Гренланд, без оглед на тоа дали Данска и жителите на островот се согласуваат. „Ако ние не го направиме тоа, Русија или Кина ќе го преземат Гренланд — а ние не сакаме Русија или Кина да ни се соседи“, рече Трамп на средба со американски извршни директори.



























