
Иранскиот режим објави дека учесниците во протестите кои ја загрозуваат безбедноста на земјата ќе се соочат со смртна казна. „Нашиот пристап кон терористите ќе биде одвраќачки, а нивната казна ќе биде за водење војна против државата, што според иранскиот закон е казниво со смрт“, изјави висок функционер на судскиот систем, Салехи, за иранскиот јавен радиодифузер IRIB.
Протестите започнаа кон крајот на декември 2025 година во Техеран по повикот на Реза Пахлави, син на соборениот ирански шах, поради девалвацијата на иранскиот риал. Со текот на времето, собирите се проширија во повеќе градови и прераснаа во судири со полицијата, а слоганите се претворија во политички критики против сегашниот режим.



























