
Во Киев и поширокиот регион продолжуваат работите за санација по масовниот руски напад врз цивилна и енергетска инфраструктура. Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, на социјалните мрежи информира дека само во главниот град биле оштетени 20 станбени објекти, а четири лица загинале, вклучувајќи член на екипа на Итна медицинска помош. Десетици други лица се повредени.
Нападот, извршен во текот на изминатата ноќ, вклучувал 242 дрона, 13 балистички ракети, една ракета „Орешник“ со среден дострел и 22 крстосувачки ракети насочени кон енергетски и цивилни објекти, во време на значителен студен бран. Втор удар бил извршен врз станбен објект додека спасувачите укажувале помош по првиот напад.
Зеленски истакна дека нападот ги погоди и дипломатските објекти, при што била оштетена зградата на Амбасадата на Катар, држава која активно посредува во ослободување на воени заробеници и цивили држани во руски затвори. Претседателот ја повика меѓународната заедница, пред сè Соединетите Американски Држави, да испрати јасни сигнали до Русија дека насочените напади врз цивили и инфраструктура ќе имаат последици.



























