
Италијанска инфлуенсерка со руско потекло, Јулија Бурцева (38), починала по естетска интервенција во Москва, а властите го истражуваат случајот.
Веста за смртта на 38-годишната инфлуенсерка Јулија Бурцева, која починала на 4 јануари по естетски зафат во приватна клиника во Москва, ја потресе јавноста, пренесува „Daily Mail“.
Според руските медиуми, Бурцева се подложила на популарна процедура за зголемување на задникот. Набргу по операцијата нејзината состојба нагло се влошила и таа итно била пренесена во болница, каде што била прогласена за мртва. Како причина за смртта се наведува анафилактичен шок.
Московскиот истражен комитет покрена кривична постапка поради сомнеж за предизвикување смрт од небрежност, како резултат на неправилно извршување на професионалните должности.
„Истражителите се на местото на настанот, а медицинската документација ќе биде одземена. Наложени се низа форензички вештачења“, стои во официјалното соопштение. Во фокусот на истрагата е клиниката „Елмас“, со цел да се утврди дали имало пропусти во постапувањето.



























