
Нашиот Спасен ги спакува куферите и замина далеку од дома
Општа лудница, далеку од дома
Пејачот Спасен Сиљаноски неколку дена пред Нова година замина на својата празнична турнеја во Америка.
Еден ден по настапот во арената „Борис Трајковски“ кога му беше гостин на големиот концерт на Влатко Миладиноски (види тука), Спасен ги спакува куферите и шеширот, и замина во земјата на бизоните.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Тој најпрво се огласи од авионот, а потоа сподели и неколку фотографии со кои покажа како ужива во оваа земја.
Но сега исплива и едно видео од кое може да видиме како Спасен ги забавува гостите со најубавите македонски песни.



























