УТРО.мк

Ризик од поплави ширум Македонија – УХМР со итно предупредување

Ризик од поплави ширум Македонија – УХМР со итно предупредување
Vero

Управата за хидрометеоролошки работи попладнево издаде вонредно соопштение за состојбата со водостоите во државата, предупредувајќи дека во текот на 9 и 10 јануари постои сериозна можност за нагло покачување на нивото на реките и нивно излевање од коритата.

Според најновата хидролошка карта, речиси целата територија на Македонија се наоѓа во таканаречена „жолта фаза“, која означува потенцијално опасна состојба. Во оваа зона се вклучени сливот на реката Вардар и поголемиот дел од западниот, источниот и централниот дел на земјата. Единствено југоисточниот регион, односно подрачјето околу сливот на Струмица и Дојран, засега останува во зелена зона, што значи дека таму нема индикации за опасност.

Од УХМР апелираат граѓаните да бидат особено внимателни, особено оние кои живеат или се движат во близина на реки, потоци и суводолници. Се препорачува избегнување на непотребни движења покрај водотеците и внимателно следење на состојбата на терен.

Предупредувањето доаѓа во период на нестабилни временски услови, кои можат брзо да предизвикаат промени во водостоите. Надлежните институции најавуваат дека ќе ја следат состојбата и во наредните денови, а граѓаните се повикуваат редовно да ги следат официјалните информации и навреме да ги почитуваат препораките.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран