
Сериозни поплави го погодија Кичево по ноќните обилни врнежи од дожд, при што околу 100 жители беа евакуирани од своите домови. Најтешка ситуација беше на улицата „Прилепска“, каде водата навлезе во повеќе станбени објекти.
Евакуираните граѓани се сместени во спортската сала „Христо Узунов“, каде им се обезбедени храна, вода и основни потреби, со ангажман на Црвениот крст, пожарникарите и надлежните служби.



























