УТРО.мк

Украинската Православна црква го слави седумгодишниот јубилеј на автокефалноста

Украинската Православна црква го слави седумгодишниот јубилеј на автокефалноста
Vero
kiev pravoslavna crkva
kiev pravoslavna crkva

Во Константинопол се одбележа седумгодишнината од историското признание на автокефалноста на Православната црква на Украина, на кое во 2019 година ѝ стави потпис Вселенската патријаршија. По овој повод, Киевскиот митрополит Епифаниј, придружуван од делегација на украинската црква, престојуваше во седиштето на Мајката-Црква, каде што се сретна со Вселенскиот патријарх Вартоломеј и учествуваше во заедничка молитва и евхаристиско општење.

Митрополитот Епифаниј го оцени Томосот како „историски чекор што го врати достоинството на украинското православие по векови зависност и притисоци“. Според него, автокефалноста не само што ѝ овозможила на Црквата да ја извршува својата пастирска мисија без надворешни влијанија, туку и го зајакнала нејзиното присуство меѓу верниците, особено во сложените општествени и политички услови во Украина.

„Оваа годишнина не е само датум во календарот. Таа е потсетник на одговорноста на Црквата да чекори заедно со народот, да ја негува верата и да ја чува надежта за идните генерации“, истакна митрополитот Епифаниј, нагласувајќи дека молитвата за мир и единство на помесната црква останува приоритет.

Во последните јавни обраќања, Епифаниј јасно ја критикува идеологијата на таканаречениот „руски свет“, оценувајќи ја како спротивна на христијанските вредности и на евангелската заповед „не убивај“. Тој истакнува дека верата не смее да се користи како оправдување за насилство и војна, отстапувајќи место на духовноста и на мирот.

Во контекст на зацврстување на независниот идентитет, Православната црква на Украина во 2023 година го усвои новоулијанскиот календар, што е дополнителен исказ на волјата на верниците и на стремежот кон јасен автокефален пат.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран