УТРО.мк

ОМО Илинден – Пирин тврди: Бугарија го призна македонскиот јазик уште пред 80 години

ОМО Илинден – Пирин тврди: Бугарија го призна македонскиот јазик уште пред 80 години
Vero
omo ilinden pirin
omo ilinden pirin

Бугарија повторно ја постави прашањето за македонскиот јазик, овој пат реагирајќи на нацрт-акцискиот план за правата на заедниците предложен од Македонија. Реакцијата ја поттикна македонската организација во Бугарија, ОМО Илинден – Пирин, која јасно предупредува дека ова е ново поткопување на веќе воспоставени меѓународни договори и историски признанија.

Од организацијата потсетуваат дека македонскиот јазик е официјално признат од Бугарија уште пред 80 години, а правно обврзувачки пред 70 години. „Законот за официјализирање“ од 23 март 1956 година, потпишан меѓу Бугарија и Југославија, јасно укажува дека документите пополнети на македонски јазик се легитимни и правно обврзувачки за сите бугарски институции – од судството до Министерството за надворешни работи. Договорот, велат од ОМО Илинден – Пирин, не е раскинат и денес продолжува да важи за државите наследнички на поранешната Југославија.

Нов билатерален договор, склучен во Скопје во 2000 година, дополнително потврдува дека македонскиот јазик е легитимен и дека Бугарија се обврзала да го прифати истиот, според македонскиот Устав. Македонскиот јазик, истакнуваат од организацијата, е кодифициран, со сопствена граматика, правопис, вокабулар и правила на употреба. Тој е функционален стандарден јазик, кој не само што служи како главно средство за комуникација, туку и го изразува националниот и културниот идентитет на Македонците, и е широко користен меѓу македонските заедници во соседните држави и дијаспората.

ОМО Илинден – Пирин нагласува дека во меѓународното право не постои универзално „признавање на јазик“. Договорите се единствениот механизам со кој државите создаваат правна обврска за употреба на странски јазик. Според Виенската конвенција за договорно право од 1969 година, секој договор е обврзувачки и мора да се почитува со добра намера.

„Делувањата на Бугарија, кои оспоруваат македонски јазик, се политички мотивирани и ја нарушуваат добрососедската соработка. Наместо да ги почитува постоечките договори, Софија селективно го прифаќа правното наследство на Југославија, го ограничува новото меѓународно партнерство со Македонија и блокира економски и правни договори, како оние за избегнување на двојно оданочување и за заштита на инвестиции“, посочуваат од организацијата.

Во својата анализа, ОМО Илинден – Пирин предупредува дека однесувањето на Бугарија е во спротивност со принципите на меѓународното право, вклучително и концептот на естопел: државата не може да го оспори јазикот кој претходно го признала и на кој другата страна се потпирала. „Бугарија формално го прифати македонскиот јазик во договорите, а сега го користи како инструмент за блокада, што е класичен пример за злоупотреба на право (abus de droit).“

Истовремено, се потсетува дека Македонија, наместо конфронтација, со години избира политика на соработка, доверба и отстапки. Но, ваквите чекори беа наградувани со вето од Бугарија за членство во ЕУ. Со оглед на актуелните тензии околу македонскиот јазик, ОМО Илинден – Пирин смета дека е време ова прашање да се постави пред Европската унија и Советот на министри, врз основа на силата на договорот од 1956 година.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран