УТРО.мк

Можно е да се препорача да се одложи почетокот на второто полугодие?

Можно е да се препорача да се одложи почетокот на второто полугодие?
Vero

Зголемениот број на заболени од грип не е нешто невообичаено и е очекувано за овој период од годината. Пикот на сезонскиот грип го очекуваме во втората половина од јануари, кога ќе почне второто полугодие од учебната 2025/2026 година, до првата половина од февруари, рече денеска директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), д-р Марија Андоновска. 

На новинарско прашање дали ќе препорачаат одложување на почетокот на второто полугодие, Андоновска рече дека ќе ја следат состојбата и во зависност од бројките на заболени, ќе дадат препораки до Министерството за образование и наука (МОН).

Директорката кажа дека во периодот од 29 декември до 4 јануари пријавени се 1.725 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 2,2 пати повеќе во споредба со претходната недела, кога биле 771.

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со првата недела од минатата сезона (331) е зголемен за 5,2 пати, а во споредба со бројот за првата недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 15 сезони) (1.244), зголемен е за 38,7% .

„Откако во текот на минатата недела (52-ра недела/2025) беше надмината границата за влез во сезона на грип (22,03/100.000), во текот на првата недела од 2026 година, пријавената инциденца е над неделната граница на средна активност (И=92,52/100.000) на вирусот на грип на национално ниво“, рече д-р Андоновска.

Според возрасната дистрибуција, 749 лица се на возраст од 15-64 години, 618 – деца на возраст од 5-14 години, 229 – деца на возраст од 0-4 години и 129 се лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца (287,7/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.

Најмногу заболени се пријавени во Скопје, 716, па во Тетово – 339, Куманово – 150, Велес – 109, Штип – 60, Дебар – 54, Гостивар – 49, Прилеп- 45, Охрид – 44, Битола – 40, Струмица – 38, а во Кавадарци, Неготино, Струга, Демир Хисар, Виница, Македонски Брод и Радовиш, бројот на заболени е помал од 30.

Во Дебар се бележи многу висока активност на грипот, во Велес и Тетово висока активност, средна активност се регистрира во Скопје, Куманово и Штип.

Во сезоната 2025/2026, вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 3.825. Во споредба со истиот период од минатата сезона (н=1.355), бројот на пријавени случаи е зголемен за 2,8 пати, а во однос на моделот од последните 15 сезони (3.173) се регистрира зголемување од 20,6%.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран