УТРО.мк

ФОТО: Македонецот Ивановски е исчезнат после пожарот во Швајцарија

ФОТО: Македонецот Ивановски е исчезнат после пожарот во Швајцарија
Vero

Семејството и пријателите упатуваат итен апел за помош до јавноста по исчезнувањето на младиот Стивен Ивановски во Швајцарија. 

Стивен последен пат е виден за време на пожарот што избувна на 31 декември во барот „Ле Констелејшн“ (la Constellation) во познатиот зимски центар Кран-Монтана.

Според информациите објавени од неговите блиски на социјалните мрежи, Стивен во кобната ноќ бил облечен во бели панталони и бел дуксер (како на фотографиите). Постои можност кај себе да ги има и специфичните очила за сонце кои ги носи на сликите.

Апел за помош: Семејството упатува молба до сите кои можеби го виделе Стивен, или имаат информација дали бил примен во болниците во Женева или Цирих, веднаш да контактираат на следните телефонски броеви:

076 415 0868
076 385 7165
078 229 5745

„Братучед ми е исчезнат во пожар вчера во Швајцарија. Ако некој го има видено, нека нè контактира“, стои во апелот напишан на македонски јазик.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран