УТРО.мк

Димитриеска – Кочоска: Македонија влегува во 2026 постабилна и со силни економски темели

Димитриеска – Кочоска: Македонија влегува во 2026 постабилна и со силни економски темели
Vero

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска ја честита новата 2026 година на граѓаните, истакнувајќи дека минатата година била исполнета со сериозна работа, внимателни одлуки и јасни цели, особено во делот на стабилизирање на јавните финансии и економската сигурност на државата и граѓаните.

„Ја зачувавме ликвидноста на буџетот, ја зајакнавме довербата во финансискиот систем и обезбедивме стабилност во услови на глобални неизвесности“, порача Димитриеска – Кочоска.

Таа нагласи дека во 2026 година ќе продолжи одговорното управување со јавните финансии, поддршката на економскиот раст и создавање услови за нови инвестиции.

„Македонија влегува во новата година постабилна, поорганизирана и со значително посилни економски темели. Ви посакувам здравје, мир, лични успеси и дом исполнет со радост“, додаде таа, нагласувајќи дека ќе продолжи да работи посветено за стабилна Македонија, сигурна иднина и подобар живот за сите.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран