УТРО.мк

ПРЕКИН КОН ЌАФАСАН И НИЗА ВРЕМЕНИ РЕЖИМИ НА ПАТИШТАТА НИЗ ЗЕМЈАВА

ПРЕКИН КОН ЌАФАСАН И НИЗА ВРЕМЕНИ РЕЖИМИ НА ПАТИШТАТА НИЗ ЗЕМЈАВА
Vero

Сообраќајот кон граничниот премин Ќафасан и натаму е целосно во прекин во двата правци, информира Автомото сојузот на Македонија. На останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено, но по наместа влажни коловози, поради што се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина и задолжително користење зимска опрема.

Можност за појава на одрони има на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поради градежни активности, на сила се повеќе времени измени на режимот на сообраќај. Кај Прилеп – Битола сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат Р1101, додека патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е целосно затворен за сите видови возила до 31 март 2026 година.

На скопската обиколница, на државниот пат А2 од клучка Волково до клучка Кондово, се врши рехабилитација на коловозот, при што е затворена левата лента, а сообраќајот се одвива по средната и десната лента. Рачна регулација е воспоставена и на експресниот пат Крива Паланка – Страцин, каде преку ден се користат знаменца, а во вечерните часови семафори.

Времени семафори со наизменично пропуштање на возилата се поставени и на делницата Гостивар – Стража, поради санација на мостот кај Здуње. Дополнително, активен е времен режим и на патниот правец Прилеп – Битола, како и целосно затворање на делница од регионалниот пат Прилеп – Крушево – Сладуево поради оштетувања на трупот на патот.

Градежни работи се изведуваат и на автопатот А4 кај Блаце, каде е изменет пристапот до селото, како и на магистралниот пат А3 Подмоље – Охрид, каде сообраќајот е пренасочен преку регионалниот пат Р1208. На правецот Кичево – Охрид сообраќајот се одвива со девијации на повеќе делници.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран