
Сериозен инцидент се случил вечерва околу 18 часот во ресторан на кејот „Либерација“ во Земун, кога за време на физичка пресметка меѓу келнер и гостин, едно лице се здобило со тешки телесни повреди.
Според изјави на очевидци, во ресторанот владеела мирна атмосфера сè додека не дошло до вербална расправија меѓу двајца мажи. Тензичната ситуација брзо ескалирала во физички конфликт, при што келнерот му откинал дел од увото на гостинот.



























