Центарот за управување со кризи информира дека до 09:30 часот утрово, на територијата на Република Македонија биле регистрирани два пожара на отворен простор, кои се ставени под целосна контрола.
Едниот пожар избувнал во повеќенаменското подрачје „Јасен“ во општина Македонски Брод, зафаќајќи дел од мешана шума, а другиот на планината Кожуф, во општина Гевгелија, каде станувало збор за приземен пожар.
Надлежните служби навремено интервенирале и успеале да спречат понатамошно ширење на огнената стихија.