УТРО.мк

Мицкоски од РЕК „Битола“ им го честиташе Денот на рударите

Мицкоски од РЕК „Битола“ им го честиташе Денот на рударите
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети Рударско-енергетскиот комбинат „Битола“ (РЕК „Битола“), при што им го честиташе Денот на рударите на вработените.

Во објавата на социјалните мрежи, Мицкоски истакна дека енергетската стабилност е предуслов за стабилен економски раст на Македонија и македонското стопанство.

„Со рударскиот поздрав „Среќно“ им го честитам денот на рударите, кои се наша инспирација. Го видов нивниот мотив и желба за работа и сум уверен дека тоа ќе донесе уште подобри резултати во следните месеци и години за македонскиот енергетски систем, рударството и целата економија“, порача премиерот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран