Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, го претстави официјалното мото за претстојните локални избори: „Само за ТЕБЕ Чаир“.
Меџити нагласи дека мотото не е само изборен слоган, туку ја отсликува неговата посветеност и визија за идното работење на општината. Тој, на средбата со Форумот на жени на ВЛЕН, потсети дека Чаир значајно придонесува за развојот на општествените, политичките, образовните и културните вредности на Албанците во Македонија и пошироко.
„Ќе го вложиме целото наше знаење, искуство и потенцијал во функција на Чаир и неговите граѓани“, истакна Меџити.
Инспирацијата за кампањското мото потекнува од песната „Само за тебе“ на рок-бендот Telex, кој е од Чаир-Скопје.