Денеска (28 август 2025) во 14:20 часот во СВР Тетово бил лишен од слобода Н.М. (33) од селото Слатино, поради сомнение за сторено кривично дело – напад на службено лице при вршење работи на безбедноста.
Според информациите од МВР, истиот ден околу 13:15 часот, во просториите на тетовската полициска станица, Н.М. најпрво упатил вербални закани по животот на полицискиот службеник И.А. и неговото семејство, а потоа физички го нападнал.
Од полицијата додаваат дека претходно, на 27 август во 18:10 часот, Н.М. поднел пријава против истиот полициски службеник поради наводно загрозување на неговата сигурност.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.