УТРО.мк

Четврток, ден за одмор: Еве ги сите неработни денови во 2026 година

Четврток, ден за одмор: Еве ги сите неработни денови во 2026 година
Vero

Со првиот ден од новата година кој паѓа на четврток, 1 јануари, 2026-та веднаш ќе ни даде повод за прв продолжен викенд. Следната година ветува повеќе можности за одмор и кратки паузи, благодарение на неработните денови кои се утврдени со Законот за празниците на Република Македонија.

Главни државни празници:

  • Нова Година– 1 јануари, четврток
  • Божиќ (православен)– 7 јануари, среда
  • Рамазан Бајрам– 20 март, петок
  • Велигден (православен)– 13 април, понеделник
  • Денот на трудот– 1 мај, петок
  • „Св. Кирил и Методиј“– 24 мај, недела (односно 25 мај, понеделник)
  • Илинден– 2 август, недела (3 август, понеделник)
  • Ден на независноста– 8 септември, вторник
  • Ден на народното востание– 11 октомври, недела (12 октомври, понеделник)
  • Ден на македонската револуционерна борба– 23 октомври, петок
  • „Св. Климент Охридски“– 8 декември, вторник

За верските заедници:

  • Православни граѓаниќе одморат на Бадник (6 јануари), Богојавление (19 јануари), Велики Петок (10 април), Духовден (29 мај) и Голема Богородица (28 август).
  • Католициќе празнуваат на Велигден (6 април), Празникот на сите светци (1 ноември) и Божиќ (25 декември).
  • Муслиманиќе одбележат Курбан Бајрам на 27 мај.

Празници за заедниците во Македонија:

  • Албанска заедница:22 ноември – Ден на албанската азбука
  • Српска заедница:27 јануари – Свети Сава
  • Ромска заедница:8 април – Меѓународен ден на Ромите
  • Влашка заедница:23 мај – Национален ден на Власите
  • Еврејска заедница:21 септември – Јом Кипур
  • Бошњачка заедница:28 септември – Меѓународен ден на Бошњаците
  • Турска заедница:21 декември – Ден на наставата на турски јазик
Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран