УТРО.мк

Коњановски: Нема да има мигранти ниту шатори во Битола

Коњановски: Нема да има мигранти ниту шатори во Битола
Vero

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска од советничката говорница го осуди обидот на опозицијата за лажна кампања поврзана со наводно прифаќање мигранти на територијата на Општина Битола.

„Како градоначалник ја осудувам манипулацијата и пласирањето невистини за наводно прифаќање мигранти и изградба на мигрантски кампови на територијата на Општина Битола“, истакна Коњановски.

Тој увери дека нема да има ниту мигранти, ниту шатори за мигранти, и дека безбедноста и сигурноста на граѓаните останува приоритет.

„Да бидете мирни, нашата и вашата безбедност секогаш е на прво место“, порача Коњановски.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран