УТРО.мк

Бојкоски: Битола заслужува работа, а не театар

Бојкоски: Битола заслужува работа, а не театар
Vero

Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, реагираше по денешната седница на Советот, обвинувајќи ги опозициските советници за обид за политичка манипулација преку, како што рече, незаконски предложени точки на дневниот ред.

Според Бојкоски, опозицијата предложила повеќе „точки“ како наводни измени и дополнувања на дневниот ред, но станувало збор за амандмани кои, согласно Деловникот, не можат да се предлагаат на таков начин. Тој потенцира дека Советот постапил целосно законски, одговорно и транспарентно.

„Дневниот ред не е место за конфузија, туку за сериозна и одговорна работа во интерес на граѓаните“, истакна Бојкоски, додавајќи дека нема простор за импровизации и политички театар.

Тој нагласи дека раководството на Советот останува посветено на почитување на процедурите, институционалната одговорност и носење одлуки со долгорочна визија, а не со дневнополитички интереси.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран