УТРО.мк

Убави вести за наставниците – Следува покачување на платите

Убави вести за наставниците – Следува покачување на платите
Vero

Од март следната година, наставниците ќе го добијат договореното зголемување на платите, кое ќе изнесува од 7,5 до 10 проценти, во зависност од пресметките, најави министерката за образование Весна Јаневска.

Таа истакна дека целта на мерката е да се обезбеди дополнителна мотивација за наставниот кадар и да се надомести она што во минатото не било реализирано. Како дополнителен стимул, Јаневска го посочи и кариерното напредување во образованието, нагласувајќи дека постигнатите резултати се препознаени и во извештајот на Европската комисија.

Министерката информираше и дека годинава ќе се спроведуваат два типа државна матура. Во средните стручни училишта, испитните прашања ќе бидат усогласени со наставниот материјал, додека во гимназиите ќе се задржат постојните критериуми.

Дополнително, учениците од средните стручни училишта ќе можат да полагаат државна матура и доколку не планираат да го продолжат образованието на факултет во својата струка.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран