УТРО.мк

Oштетените ќе сведочат на новото рочиште на судењето за „Пулс“

Oштетените ќе сведочат на новото рочиште на судењето за „Пулс“
Vero

Со почетокот на сведочењата на оштетените, денеска во судницата на Кривичниот суд во Идризово влегува една од најчувствителните и најтешки фази од судскиот процес за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

По воведните излагања на обвинителството и одбраната, судот ќе ги слушне гласовите на оние што ја преживеаја трагедијата и на семејствата што ги изгубија своите најблиски. Токму нивните сведоштва треба да дадат јасна слика за последиците од настанот, но и да ги стават на проверка тезите на обвинението и аргументите на одбраната.

Во оваа етапа од постапката не се одлучува само за висината на материјалната штета, туку и за одговорноста – институционална и индивидуална – за една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Сите 34 обвинети физички лица, како и трите правни субјекти опфатени со обвинението, претходно се изјаснија дека не се виновни за делата што им се ставаат на товар.

Пожарот што избувна на 16 март годинава во кочанската дискотека однесе 63 животи, а повеќе од 200 лица беа повредени, дел од нив со тешки и трајни последици.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран