УТРО.мк

Над 18.000 сообраќајни прекршоци, 123 возачи приведени за безобѕирно управување со возила

Над 18.000 сообраќајни прекршоци, 123 возачи приведени за безобѕирно управување со возила
Vero

Во текот на месец декември, полициските службеници ширум земјата засилија контроли на патиштата, при што беа регистрирани голем број на сообраќајни прекршоци и сторители на кривични дела поврзани со управување возило безобзирно.

Статистиката покажува дека 123 лица биле лишени од слобода по член 297-а од Кривичниот законик. Најголем дел, односно 100, биле фатени на дело додека управувале под дејство на алкохол. Триесет и три лица направиле сериозни прекршоци со брзината: 13 возеле побрзо од дозволеното во населено место, седум надвор од населено место, а тројца возачи се движеле во забранет правец.

Платните налози кои се издадени во периодот од 1 до 28 декември изнесуваат вкупно 18.318, од кои 4.019 се за прекршување на пропишаната брзина. Дополнително, полицијата забележала 5.018 прекршоци за неправилно паркирање, 1.843 возачи кои немале возачка дозвола и 679 санкции за возење под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли опфатија и мотоциклисти и пешаци – 18 мотоциклисти биле казнети за неносење заштитен шлем, додека 415 пешаци не ги почитувале правилата за движење на патот. Исто така, 1.046 учесници во сообраќајот биле санкционирани за неприкажување на сигурносен појас, а 322 возила биле отстранети од сообраќај поради нерегистрираност и 172 поради техничка неисправност. Дополнително, 101 возач добил казна поради неправилно затемнети стакла на возилата.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран