Центарот за управување со кризи информира дека до 12:30 часот на 11 јули 2025 година се евидентирани вкупно 14 пожари на отворен простор на територијата на државата. Од нив, четири се активни, шест се под контрола, два се локализирани, а два се целосно изгаснати.
Активни пожари:
– Општина Дојран, село Николич – пожар во нискостеблеста шума
– Општина Чашка, под Солунска Глава, помеѓу местата Изворите на Бабуна и Бабина Дупка – шумски пожар без активен пламен, регистриран е чад во карпест терен
– Општина Куманово, местото Преовце – опожарена ниска вегетација
– Општина Старо Нагоричане, село Ругинце – пожар во ниска вегетација
Пожари под контрола:
– Општина Македонски Брод, села Рамне и Ковче – пожар во ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков
– Село Слатина – пожар во мешана шума
– Слатински извори – пожар во нискостеблеста мешана шума
– Круг на фабриката СУМБРО – пожар во ниска вегетација
– Помеѓу селата Црешнево, Крапа и Локвица – опожарена деградирана дабова шума и грмушки
– Општина Чучер Сандево, меѓу селата Блаце и Горњани, во местото Рамна шума – шумски пожар
Локализирани пожари:
– Општина Прилеп, село Бешиште, местото Бешишки Рид – приземен пожар во мешана шума
– Општина Свети Николе, село Делисинци – пожар во ниска вегетација и напуштена куќа
Изгаснати пожари:
– Општина Чучер Сандево, кај црквата Света Троица – пожар во ниска вегетација
– Општина Македонски Брод, село Белица – изгаснат пожар во нискостеблеста шума
Надлежните служби остануваат на терен и постојано ја следат состојбата. Центарот за управување со кризи апелира на внимателност и одговорно однесување при престој во природа, особено во услови на зголемен ризик од пожари.