
Болница „Плодност“ годинава го одбележа Бадник со особена радост и силна симболика, откако за време на празничното дежурство на свет дојдоа 14 новороденчиња. Раѓањата на овој значаен христијански празник донесоа топлина, надеж и празничен дух во болничките одделенија.
Меѓу новите животи е и малата Јоана, која се роди на Бадниковото утро и дополнително ја збогати празничната атмосфера. Медицинскиот тим на Болница „Плодност“ и покрај празничниот ден работеше со целосна посветеност и професионалност, обезбедувајќи безбедни породувања и здрав почеток за сите бебиња.



























