УТРО.мк

Ангелов предупредува: Лизгањето на теренот на Водно е сериозен ризик што бара итна реакција

Ангелов предупредува: Лизгањето на теренот на Водно е сериозен ризик што бара итна реакција
Vero

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, упати јавно предупредување за сериозноста на проблемот со лизгањето на земјиштето на падините на планината Водно, потенцирајќи дека постои директна закана за објекти, па дури и за човечки животи.

Ангелов нагласи дека ситуацијата мора да се сфати крајно сериозно и дека не смее да се чека додека не настанат катастрофални последици.

„Јас верувам дека има загрозени објекти на падините на Водно и треба многу сериозно да биде сфатен овој проблем и да не чекаме да се случи штетна последица која може да загрози човечки животи, но и да одземе човечки животи и тоа повеќе“, изјави директорот на ДЗС.

Според неговите информации, институциите веќе работат на проблематиката. Тој посочи на одржаните координативни средби во Центарот за управување со кризи (ЦУК) каде што, како што вели, „врвни професионалци посветено и одговорно се грижат за оваа проблематика“.

Ангелов ја истакна и значајноста на медиумите во подигнувањето на јавната свест, особено кај жителите на Водно, кои можеби не ја перцепираат опасноста во целост поради навиката за живеење во тој предел.

„Сепак ваквото кревање на јавната свест како што го правите вие медиумите е значајно, бидејќи луѓето што живеат таму не мислат дека може да се случи таква штетна последица, дека состојбата не е толку опасна бидејќи тие таму живеат и таму се навикнати“, потенцираше Ангелов, додавајќи: „Но ние сме нагледани еден куп видеа од целиот свет, вклучително и во нашата држава каде што свлечиштата можат да направат многу голем проблем“.

Апелот на Директорот на ДЗС доаѓа во време кога зачестените извештаи за пукнатини на објекти и движење на земјиштето на Водно создаваат се поголема загриженост во јавноста.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран