УТРО.мк

Здравко Чолиќ со потресна објава која го растажи Балканот

Здравко Чолиќ со потресна објава која го растажи Балканот
Vero

По смртта на реномираниот пијанист и композитор Матија Дедиќ, кој почина на 8 јуни, бројни јавни личности од регионот упатија последна почит. Меѓу нив е и музичката ѕвезда Здравко Чолиќ, кој со емотивна објава на социјалните мрежи се прости од својот пријател и соработник.

Чолиќ на својот Instagram профил објави снимка од изведба на познатата песна „Загрли ме“, во која пее додека Матија го придружува на клавир. Нумерата, чиј автор е таткото на Матија – легендарниот Арсен Дедиќ, доби дополнителна емотивна тежина во оваа прилика.

„Ќе останат песните. И тие тивки, искрени ноти кои беа само твои. Се препознавме во музиката, но ти беше многу повеќе од соработник – пријател и вистински уметник. Ќе недостасуваш, Матија, но засекогаш ќе нè прегрнуваш преку музиката и спомените што останаа. Твој Чола“, напиша Чолиќ во објавата.

Објавата предизвика емоции кај бројни следбеници и обожаватели, кои со тага се простија од Матија Дедиќ – еден од највпечатливите музички уметници на регионот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран