УТРО.мк

Вработена на крстарење го опиша најстрашниот настан во животот: „Судривме со морско чудовиште“

Вработена на крстарење го опиша најстрашниот настан во животот: „Судривме со морско чудовиште“
Vero

Лорен Хевнер, професионална пејачка која работела десет години на луксузни крстосувачи, на социјалните мрежи, особено на ТикТок, открива најшокантни и највозбудливи моменти од својата кариера. Во разговор за Mail Online, отворено зборуваше за љубовни афери, медицински итни случаи и ужасите што ги донесе пандемијата на коронавирусот.

Иако крстосувачите имаат доволно медицински персонал, Лорен истакнува дека ширењето на болести е тешко да се контролира. Особено се потсети на норовирусот, кој предизвикува мачнина и пролив.

„Преку годините сведочев на многу медицински итни случаи – од паѓања со скршеници, до неколку срцеви удари со фатален исход. Епидемијата на норовирус се ширеше побрзо од гласини во барот за екипажот. Таквите настани не се секојдневни, но не се ниту ретки“, раскажа Лорен.

Најтешкиот период во кариерата го опиша за време на пандемијата од Ковид-19, која, како што вели, го промени целиот сектор:

„Ништо не беше полошо од хаосот што го донесе Ковид-19. Да си член на екипажот тогаш беше како да живееш во кошмар без крај. Изолацијата, стравот и неизвесноста беа присутни како густа магла. Тоа искуство остава длабок трага и го носиш со себе долго по смирувањето на морето.“

Еден од најнеобичните и најтешките моменти ѝ се случи кога крстосувачот со кој пловела удрил во кит.

„Патниците и екипажот беа во шок. Сите се чувствувавме немоќно и малку виновно, иако знаевме дека не можевме да спречиме. Тој момент нѐ допре сите длабоко“, откри Лорен.

Иако интимните врски помеѓу патниците и членови на екипажот се строго забранети, Лорен признава дека често се случуваат:

„Интимните односи со патници се строго забранети и може да резултираат со моментално отпуштање. Но, правилата важат само онолку колку што луѓето сакаат да ги почитуваат. Не сите се подготвени да одолеат на забранетото.“

Врските меѓу членовите на екипажот се чести како зајдисонцето на море, без разлика кој ги чека дома. „Прашањето не е дали се во врска, туку дали тоа го знаат нивните партнери. Но, едно правило е недопирливо – не се дозволени врски меѓу надредени и подредени“, подвлече Лорен.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран