Маркос Ферагут, познат културен промотор од Мајорка, јавно ја изрази својата болка и разочараност откако дознал дека неговата поранешна сопруга, бугарската танчерка Силва Капитанова, е во врска со поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер.
– Ми го уништи животот, ме остави сам со децата – им рекол Маркос на своите блиски, изразувајќи гнев што дознал за аферата од медиумите, додека верувал дека таа е на танц или во теретана.
Ферагут, кој е дел од влијателното културно семејство на Мајорка, сега се грижи сам за нивните две деца. Заедницата на островот е шокирана, бидејќи оваа приватна драма го засенува имиџот на едно од најпочитуваните семејства во културниот живот на регионот.
Силва, која до неодамна живеела со Маркос, сега е фотографирана на грчките острови во друштво на славниот спортист, што дополнително ја вжешти ситуацијата во јавноста.