Ноќеска, помеѓу 25 и 26 октомври, во 3 часот по полноќ, часовникот се враќа еден час наназад – почнува зимското сметање на времето, кое ќе трае до последниот викенд во март.
Ова значи дека ќе спиеме еден час подолго, деновите ќе бидат пократки, а утрата посветли.
Зимското сметање на времето се применува секоја година од последниот викенд во октомври до пролет, кога повторно се преминува на летно време.
Практиката за поместување на часовникот првпат е воведена во Германија во 1916 година за подобро искористување на дневната светлина и заштеда на електрична енергија. Денес ова го прават околу 70 држави во светот.
Иако Европскиот парламент во 2019 година предложи укинување на оваа пракса, промената на времето и натаму се спроведува секоја пролет и есен.
Стручњаците предупредуваат дека менувањето на времето може да влијае врз сонот, расположението и концентрацијата, особено во првите денови по промената.































