Хроничните воспалителни болести на цревата, како Кронова болест и улцеративен колитис, често започнуваат со суптилни симптоми што лесно се занемаруваат. Воспалението не зафаќа само дигестивен тракт, туку и целото тело.
Најчести предупредувачки знаци:
Хроничен замор и слабост – последица на воспаление, анемија и слаба апсорпција на хранливи материи.
Ненадеен губиток на тежина и апетит – воспалението ја нарушува апсорпцијата, а болките после јадење го намалуваат апетитот.
Блага покачена температура – знак за тивко воспаление.
Анемија – поради крварење или неможност за апсорпција на железо, се јавува бледило и недостиг на здив.
Болки во зглобови и кожни промени – воспалени зглобови, осипи, афти во уста.
Очи – црвенило, болка или заматен вид може да бидат поврзани со воспалението.
Промени во столицата – слуз, честа или итна потреба за празнење, понекогаш и ноќно потење.
Експертите нагласуваат дека овие знаци не треба да се игнорираат – раното откривање е клучно за спречување на компликации.