Сигурно ви се има случено да забележите пукнатина на јајце и да се запрашате – дали смее да се користи?
Најважно е кога јајцето напукнало. Доколку пукнатината ја имало уште во продавница, најдобро е јајцето да се фрли, бидејќи преку неа со тек на време може да навлезат бактерии, предупредува американското Министерство за земјоделство (USDA). Особено ризични се јајцата со поголеми пукнатини, кои според студија на Универзитетот Тафтс почесто содржат салмонела.
Ако јајцето напукнало кај вас дома, сè уште може да се искористи – потребно е веднаш да се скрши и да се стави во чист сад што цврсто се затвора. Така може да се чува во фрижидер до два дена, или да се употреби за оброк кој може да се замрзне.
Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) потсетуваат дека бактериите, вклучувајќи ја и салмонелата, се уништуваат со термичка обработка на температура од најмалку 71°C. Затоа, целосно варени или печени јајца, како и јадења во кои белката и жолчката се целосно зготвени, се безбедни за консумирање.