Свекрвата не сака ни да ја види внуката – семејна драма поради презимето на бебето
Семејна расправија која започнала веднаш по породувањето на една млада мајка довела до длабок раздор и целосен прекин на односите со родителите на нејзиниот партнер. Причината – бебето го добило мајчиното, а не татковото презиме.
Како што раскажува жената во анонимна исповед на социјалната мрежа „Reddit“, таа и партнерот – со кого живеат заедно, но не се во брак – се договориле нивната ќерка привремено да го носи нејзиното презиме. Одлуката била од практични причини, поврзани со документација и здравствени бенефиции, сè додека не се официјализира нивниот однос.
Но при првата посета по излегувањето од болница, свекорот и свекрвата бурно реагирале кога на родилниот лист виделе дека внуката го носи презимето на мајката. Наместо да разберат, тие се налутиле и престанале да комуницираат со неа. „Се обидов да им објаснам мирно, но не сакаа ни да слушнат“, пишува таа. „Од тогаш, не разговараат со мене, а сопругот го свртеа против мене – сега тој се обидува да ме убеди да го смениме презимето на ќерката.“
Наместо да ужива во првите денови со своето бебе, младата мајка се соочила со семејна тензија и изолација. „Имав почит кон неговите родители, но ова ме скрши. Се чувствував осамено, како да сум им направила злосторство.“
Иако поминала една година, свекорот и свекрвата сè уште не ја виделе својата внука. Сега, вели таа, сакаат сопругот да го носи девојчето кај нив, но и понатаму одбиваат директна комуникација со неа.
„Погрешно ли е што не сакам јас да бидам таа што ќе го направи првиот чекор? Тие се налутија – нека преземат одговорност“, прашува таа.
Корисниците на „Reddit“ ѝ дадоа силна поддршка. „Не дозволувај сопругот да ја однесе ќерката без извинување. Тие самите одбраа да се оддалечат – нека ги сносат последиците“, гласеше еден коментар. Друг додава: „Тоа не е љубов, туку обид за контрола.“