
Трендот на кратки, звучни и модерни имиња продолжува да доминира кај македонските родители. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, „Северна Македонија во бројки 2025“, имињата Лука и Хана се најчести меѓу новороденчињата во изминатата 2024 година.
Статистиката покажува комбинација на библиски, традиционални и меѓународни имиња кои се лесно препознатливи на повеќе јазици.
Топ 10 најпопуларни имиња:
Машки: Лука, Дамјан, Матеј, Марко, Михаил, Јаков, Давид, Јован, Петар, Матео
Женски: Хана, Јана, Софија, Дуа, Ана, Јована, Миа, Мила, Сара, Бисера
Во 2024 година се родени вкупно 16.061 дете, со блага доминација на машките: 8.277 машки и 7.784 женски бебиња.



























