УТРО.мк

Леб и компир на секоја маса, соковите се конзумираат повеќе од виното и кафето

Леб и компир на секоја маса, соковите се конзумираат повеќе од виното и кафето
Vero
market
market

Минатата година, семејствата во Северна Македонија речиси половина од својот буџет го посветиле на храна и пијалаци – точно 50,8 проценти. Според Државниот завод за статистика, тоа изнесувало околу 159.750 денари по домаќинство во 2024 година. Најголем дел од парите биле потрошени на месо, млечни производи и производи од жито, но вистинската ѕвезда на трпезата останале основните прехранбени производи – лебот и компирот.

Во просек, едно семејство изело 172,3 килограми леб и 64 килограми компир, додека потрошувачката на месо била значително помала: живина – 45,6 кг, свинско – 23,6 кг, говедско, телешко и јунешко – 16,9 кг, а овчо и јагнешко само 0,4 кг. Рибата била умерено застапена – 16 кг свежа и замрзната, и 2,4 кг преработена.

Млечните производи продолжуваат да бидат важен дел од семејната трпеза: кисело млеко и јогурт 76,2 кг, пресно млеко 73,4 литри и сирење 32,4 кг. Производите од жито, тестенините и оризот, исто така, биле во редовната исхрана – по околу 25 кг по домаќинство.

Зеленчукот и овошјето биле застапени, но не со иста интензивност: домати – 33 кг, пипер – 30,4 кг, зелка – 29,5 кг, краставици – 19,2 кг, додека од овошјето доминирале јаболка – 31,4 кг, јужно овошје – 70,2 кг, а останатото овошје како праски, кајсии, круши и грозје се консумирало во помали количини.

Најголемиот дел од домашниот буџет за пијалаци и тутун одел за тутун – 14.285 денари, додека за безалкохолни пијалаци се трошеле 6.293 денари. Сем тоа, кафе, чај и какао – 4.951 денари, а алкохолните пијалаци – 4.309 денари. Домаќинствата најмногу пиле безалкохолни пијалаци – 181,6 литри, додека кафето и какаото изнесувале 7,8 кг. Од алкохолните пијалаци предност имале пивото (28,6 литри), винoто (4,6 литри) и жестоките пијалаци (1,9 литри).

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран