УТРО.мк

Никако во кеса: Како правилно да го чувате лебот за да остане свеж подолго време?

Никако во кеса: Како правилно да го чувате лебот за да остане свеж подолго време?
Vero

Начинот на кој го чувате лебот директно влијае на неговата свежина и рок на траење. Доколку го оставате на кујнскиот пулт, во фиока или во кутија за леб – и притоа го чувате во пластична кеса – веднаш треба да знаете: тоа не е најдобро решение.

Кога лебот се чува во пластична кеса, тој се суши многу побрзо. Од друга страна, ако се чува во затворена кутија, постои ризик од појава на мувла поради задржување на влага.

Најдобро решение, колку и да звучи необично, е лебот да се складира во замрзнувач, пишува порталот „Stvar ukusa“.

На овој начин, секогаш ќе имате свежа векна при рака, а може да ја одмрзнете на два начини:

За веднаш: Извадете го замрзнатиот леб, завиткајте го во алуминиумска фолија и ставете го да се загрее во рерна.

За наредното утро: Извадете го лебот навечер и оставете го на чиста кујнска крпа за да се одмрзне природно преку ноќ. Утрото ќе има вкус како штотуку да е купен од пекара.

Со ваков пристап, не само што ќе го зачувате вкусот и мекоста на лебот, туку ќе спречите и фрлање храна поради расипување.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран