УТРО.мк

На денешен ден започнала офанзивата врз Крушево: 15.000 османлиски војници тргнале кон Крушевската Република

На денешен ден започнала офанзивата врз Крушево: 15.000 османлиски војници тргнале кон Крушевската Република
Vero

На 12 август 1903 година започнала офанзивата на османлиските сили против Крушево и Крушевската Република, во рамки на Илинденското востание.

Околу 15.000 османлиски војници и башибозук, предводени од Бахтијар-паша, започнале напад врз востаничкиот град. На крушевскиот востанички штаб му бил доставен ултиматум за предавање, но одговорот бил јасен:

„Востанавме за да се бориме за извојување на слобода за Македонија, а не да се предаваме“.

Соочени со огромната бројна надмоќ на османлиските сили и со опасноста Крушево да биде целосно разурнато, востаничкиот штаб подоцна наредил повлекување на борците со цел да се заштити населението и градот.

Во жестоките борби загинале 32 востаници, а меѓу нив имало и борци кои, според историските записи, извршиле самоубиство за да не паднат во рацете на османлиските сили.

Крушевската Република паднала наредниот ден, по тешките борби на преминот Слива и во месноста Мечкин Камен. Иако траела само десетина дена, Крушевската Република останала еден од најзначајните симболи на Илинденското востание и борбата за слобода во Македонија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin