
Зголемена фреквенција на возила е регистрирана на патиштата низ земјава, а најголеми задржувања има на граничните премини Табановце и Богородица.
Според информациите на Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), на ГП Табановце за излез од државата се чека околу еден час. Слично е и на ГП Богородица, каде што времето на чекање за излез изнесува околу еден час.
На останатите гранични премини од македонска страна во моментов нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, но интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат со зголемено внимание.

















