
Македонскиот диџеј и продуцент Анастас постигна голем меѓународен успех, пласирајќи се меѓу најдобрите 25 учесници во престижната програма на Untold Festival, еден од најголемите музички фестивали во светот.
Во силна конкуренција од повеќе од 11.000 диџеи и продуценти од различни земји, Анастас успеа да обезбеди место во Топ 25, со што се најде чекор поблиску до настап на една од најголемите светски фестивалски сцени.
Во тек е јавното гласање, а петмина кандидати ќе добијат можност да настапат на Untold Festival. Еден од нив ќе има чест да пушта музика на главната фестивалска бина, на која оваа година ќе настапат светски музички ѕвезди како Sting и Martin Garrix.
Поддржувачите можат да гласаат преку е-пошта, а организаторите посочуваат дека потврдата за гласот понекогаш пристигнува во Spam или Junk фолдерот.
Семејството и пријателите на Анастас ги повикуваат сите љубители на електронската музика и граѓаните да ја поддржат оваа македонска приказна за успех и да помогнат нашиот претставник да стигне до големата сцена на Untold Festival.
Секој глас може да биде одлучувачки во трката за настап на еден од најголемите музички фестивали во светот.















