УТРО.мк

Во Скопје започна снимањето на новиот македонски филм „Пролетно чистење“

Во Скопје започна снимањето на новиот македонски филм „Пролетно чистење“
Vero

Во скопската населба Пржино започна снимањето на долгометражниот игран филм „Пролетно чистење“, дебитантско остварување на режисерката Марија Апчевска-Петровска, која го потпишува и сценариото заедно со Ереник Беќири.

Филмот ја следи приказната за Варава, ќерка која по самоубиството на својата мајка се враќа во родниот град, каде се соочува со минатото и со мистериозни случувања кои сугерираат дека нејзината мајка се вратила од задгробниот живот.

Во главните улоги настапуваат Јулиа Марковска-Фалзон и Зоја Николова, за кои ова е прво филмско искуство, а дел од актерската екипа се и Стефан Вујисиќ, Ана Костовска и Ника Розман.

Директор на фотографија е Константинос Кукулис од Грција, додека во авторската екипа се вклучени и филмски професионалци од Србија, Словенија и Македонија. За монтажата е задолжен Драган Вон Петровиќ, костимограф е Лидија Андриќ, а шминката и маската ги работи Мојца Горогранц Петрушевска. Македонскиот дел од екипата го сочинуваат и Кирил Спасески како дизајнер на продукција и Игор Поповски како тон-мајстор.

Филмот е во продукција на „Кино Око“ на Роберт Насков, а финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, како и од филмските центри на Словенија, Грција и Србија. Проектот добил поддршка и од европскиот фонд EURIMAGES и програмата МЕДИА.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран