
Со доаѓањето на топлото време, многу домови повторно се соочуваат со појавата на муви, а сè повеќе луѓе бараат природни начини за нивно отстранување наместо употреба на хемиски средства.
Експертот за безбедност во домот, Нил МекКензи, препорачува едноставен метод со лимон и каранфилче како брзо и практично решение против овие инсекти.
Според него, доволно е половини од лимон да се постават на стратешки места низ домот, а во нив да се забодат неколку каранфилчиња. Оваа комбинација создава силен мирис што ги одбива мувите. Лимоните може да се постават во близина на прозорци, овошје или корпи за отпадоци.
Експертите советуваат лимонот да се заменува на секои три до пет дена или кога ќе се исуши.
Како дополнителен природен метод се препорачува и домашен спреј направен од вода, бел оцет, масло од нане и малку детергент за садови. Смесата може да се прска на прозорци, врати и работни површини.
Покрај природните средства, клучна улога има и одржувањето на хигиената во домот. Редовното фрлање на отпадот, чистењето на кантите и правилното складирање на храната значително го намалуваат ризикот од појава на муви.















