
Високиот крвен притисок често се нарекува „тивок убиец“ бидејќи кај многу луѓе не предизвикува никакви симптоми сè додека не настанат сериозни компликации.
Според лекарите, илјадници лица со години живеат со покачен крвен притисок без воопшто да знаат дека го имаат. Во меѓувреме, состојбата може постепено да ги оштетува срцето, мозокот, бубрезите и крвните садови.
Иако понекогаш може да се појават главоболка, вртоглавица или заматен вид, кај најголем дел од пациентите нема јасни предупредувачки знаци. Токму затоа редовното мерење на крвниот притисок е од клучно значење.
Експертите предупредуваат дека нелекуваниот висок крвен притисок значително го зголемува ризикот од срцев удар, мозочен удар и други сериозни кардиоваскуларни заболувања.
Најдобрата заштита е редовна контрола, здрава исхрана, физичка активност и избегнување на прекумерно внесување сол и цигари.
Најдобрата заштита е редовна контрола, здрава исхрана, физичка активност и избегнување на прекумерно внесување сол и цигари.
Многумина дознаваат дека ја имаат оваа болест дури по првата сериозна здравствена компликација, поради што лекарите апелираат да не се чека појава на симптоми за да се направи преглед.















